Најмалку 35 загинати и 15 повредени во пожар во зграда во Кувајт (ВИДЕО)

Најмалку 35 лица загинаа во пожар што зафати зграда во Кувајт, јавија кувајтските медиуми.

Повредени се 15 лица, а властите ги истражуваат причините за пожарот во јужната област Мангаф.

Пожан е ставен под контрола, изјави генерал-мајор Еид ал Овејхан од МВР на Кувајт.

Официјални лица изјавија дека причината за пожарот, во кој беа повредени повеќе од 30 лица, е под истрага. Според локалните медиуми, пожарот избувнал рано утринава и зафатил шесткатница полна со работници во квартот Мангаф.

„Зградата во која избувна пожарот се користеше за сместување работници, а таму имаше голем број“, изјави висок полициски функционер за државната телевизија. Корисниците на „Икс“ објавуваат дека загинале работници од Индија.

Треба да знаете
Последни објави