Search

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина

За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку платформата Икс соопшти дека на конкретното брдо во текот на месецов имало три пожари, кои успешно биле локализирани, а вчера бил „уапсен виновниот пироман, турски државјанин, кој го призна своето кривично дело“.

-Многупати кажавме: Ќе бидеме безмилосни со подметнувачите на пожар, порача Кикиљас.

Според извори од Министерството за миграција и азил на Грција, уапсениот Турчин нелегално влегол во Грција преку копнената граница кај Еврос и на почетокот на април доставил барање за азил, а за следниот месец имал закажан термин за интервју за азил.

Треба да знаете
Последни објави