Покетино и Челзи ја прекинаа соработката

Аргентинскиот фудбалски стратег Маурисио Покетино повеќе не е тренер на англискиот премиерлигаш Челзи, откако двете страни се договорија спогодбено да ја прекинат соработката, соопшти тимот од „Стемфорд бриџ“. -Во името на сите сакаме да му се заблагодариме на Маурисио на неговите услуги оваа сезона. Тој секогаш ќе биде добредојден на „Стемфорд бриџ“ и му посакуваме се најдобро во продолжение на кариерата“, стои во соопштението на Челзи. „Сините“ сезоната ја завршија на шестото место иако минатото лето беше вложена голема сума на пари за засилувања, а Покетино беше донесен со цел да го врати тимот во битката за трофеите. Најблиску до трофеј, Челзи беше во Лига купот каде загуби од Ливерпул во финалето, додека во ФА Купот беше елиминиран во полуфиналето. Челзи во следната сезона ќе игра во квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на конференции. Пред Челзи, Покетино гои предводеше екипите на ПСЖ, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.

Треба да знаете
Последни објави