Ердоган: Изборот за песна на Евровизија промовира родова неутралност и го загрозува традиционалното семејство

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Изборот за песна на Евровизија, Евросонг, велејќи дека музичкиот настан „охрабрува родова неутралност“ и го загрозува традиционалното семејство.

Во говорот по состанокот на владата, Ердоган ги опиша натпреварувачите како „тројански коњи на социјалната корупција“ и рече дека неговата влада била во право што ја задржала Турција надвор од паневропскиот музички натпревар во 2012 година, пишува лондонски Гардијан.

Стана невозможно да се сретне нормална личност на вакви настани“, рече Ердоган, чија владејачка Партија на правдата и развојот не е толерантна кон правата на ЛГБТК.

Се вели дека критиките на Ердоган јасно укажале на швајцарскиот пејач Немо, кој претходно овој месец победи на 68. избор за песна на Евровизија со „The Code“, посветена на неговото патување кон прифаќање на неродов идентитет.

Немо е и првиот небинарен победник на натпреварот, кој, според Гардијан, се смета за „безбедно засолниште за членовите на ЛГБТ заедницата“.

Треба да знаете
Последни објави