Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан, кој е во посета на Саудиска Арабија, разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и за постигнување широк билатерален договор меѓу двете земји, објави саудиската државна новинска агенција.

На средбата што се одржа во саудискиот град Даран, се разговараше за текстот на „полуфиналната верзија на нацрт-стратешките договори меѓу двете земји“ кои се во фаза на финализирање.

Се вели дека Бин Салман и висок претставник на администрацијата на Бајден разговарале и за потребата да се најде „кредибилен патоказ за решение со две држави“ за Израел и Палестинците, начините за ставање крај на војната во Газа и олеснување на испораката на хуманитарна помош.

Белата куќа во петокот соопшти дека Саливан ќе ги посети Саудиска Арабија и Израел, каде што ќе разговараат за билатерални и регионални прашања, вклучително и војната во Појасот Газа и напорите за постигнување траен мир и безбедност во регионот.

Треба да знаете
Последни објави