Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

 Илјадници активисти се собраа во центарот на Тел Авив барајќи предвремени избори и итен договор за ослободување на израелските заложници во Појасот Газа, а поранешната американска секретарка Хилари Клинтон им се обрати на демонстрантите преку видео врска.

„Треба да преземете итна акција за да ги вратите дома“, рече Клинтон.

Амбасадорот на САД во Израел, Џек Лу, им рекол на толпата дека САД ги продолжуваат преговорите за враќање на заложниците, пишува Тајмс оф Израел. Демонстрантите го блокираа автопатот Ајалон и запалија огнови, барајќи итен договор за ослободување на заложниците од Газа.

Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат по завршувањето на одобрениот митинг, полицијата го прогласи протестот за незаконски и интервенираше за деблокирање на автопатот.

Полицијата соопшти дека уапсила осомничен за нарушување на редот на антивладините протести во Тел Авив. Околу 200 демонстранти излегоа на одделни протести во Ерусалим, кои се одржаа во близина на Кнесетот.

Треба да знаете
Последни објави