Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со другите земји

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само во рамките на заедничката акција со другите земји.

Во интервју за ТВ станицата Ла Секста, Санчез исто така ги негираше информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај.

Тој претходно рече дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и верува дека наскоро ќе се постигне „критична маса“ во ЕУ што ќе принуди неколку членки да заземат ист став.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави на крајот на април дека неколку земји од Европската унија имаат намера да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај.

Во март, заедно со Шпанија, Ирска, Малта и Словенија најавија дека ќе работат заедно за признавање на палестинската држава.

Меѓу членките на ЕУ, независноста на Палестина ја признаа Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

Во моментов, Палестина е призната како независна држава од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави