Цело ВМРО-ДПМНЕ на прием кај претседателката Давкова

Новоизбраната претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова денеска организирала прием на кој присуствувале речиси сите високи претставници на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалници, пратеници, технички министри, членови на Извршниот одбор и раководството на партијата објавуваат фотографии од Вила Водно каде се случил и приемот од Давкова.

До овој момент, нема објава од Давкова а она што може да се забележи на социјалните мрежи, нејзината последна објава е на 11 мај кога го добива Уверението од Државната изборна комисија.

Треба да знаете
Последни објави