Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Етиопјанецот Кенениса Бекеле (41) ќе учествува на Олимписките игри во Париз, 12 години по неговото последно учество на тоа натпреварување.

Бекеле последен пат трчаше на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, кога беше четврти во трката на 10 километри.

Потоа ги пропушти Рио де Жанеиро (2016) и Токио (2022), а сега е вклучен во десетчлениот етиопски атлетски тим за Париз.

На ОИ ќе настапи на маратонот на кој во последно време бележи одлични резултати.

Тој во декември го освои четвртото место во Валенсија, додека неодамна беше втор во Лондон.

Бекеле освои три олимписки злата и едно сребро.

Во Атина во 2004 година победи на 10 километри и беше втор на 5 километри, додека четири години подоцна во Пекинг славеше и на 5 и на 10 километри.

Олимпискиот маратон за мажи е закажан за 10 август.

Треба да знаете
Последни објави