Search

Пронајдено телото на момчето кое се удави во реката Бојана со мајка му и сестрите

Телото на четиригодишното момче кое се удави во Бојана со мајка му и сестрите, беше пронајдено во вторникот по тридневна потрага.

Полицијата го пронашла телото на момчето во Бојана кај селото Облике, на неколку километри од местото каде што претходниот ден беше пронајдено телото на неговата осумгодишна сестра. Потрагата по телото на мајката продолжува.

Веста ја потврди градоначалничката на Скадар Мајлинда Ангони.

-Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваат во акцијата и помагаат што побрзо да се пронајдат жртвите. Сакам да им се заблагодарам и на селаните кои доброволно се пријавија да помогнат. Само што ја добивме веста дека е пронајдено третото дете и се надеваме дека наскоро ќе ја најдеме и последната жртва на трагедијата. Ќе останеме овде додека не ги најдеме мајката на децата – рече Ангони.

Алма Арази, да потсетиме, во четвртокот вечерта со три деца скокна од стариот мост во Бојана во Скадар. Рибар во саботата вечерта случајно го пронашол телото на деветгодишната Ергеза, додека телото на осумгодишната Грејси било извлечено од Бојана во понеделникот.

Ергис Арази, сопругот и таткото на децата, беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговото семејство.

Треба да знаете
Последни објави