Search

Навивачите на Денвер брзо заборавија што се направи Јокиќ за нивниот клуб

Навивачите на актуелниот кошаркарски НБА првак Денвер брзо заборавија кој е еден од најдобрите играчи бо најсилната лига на светот. Српскиот интернационалец Никола Јокиќ кој го предводеше тимот на Денвер до првиот шампионски прстен во клупската историја ја загуби поддршката од навивачите на тимот од Колорадо, откако во конференциското полуфинале загубија два меча на домашен терен од Минесото (0:2). Двократниот МВП играч во НБА, кој е фаворит и за третото последователно признание чиј избор ќе се случи за два дена, Јокиќ ја загуби поддршката од трибините. Во финишот од синоќешниот меч во Бол арената се слушаа гласни скандирања, но не за Јокиќ, туку за најдобриот играч во противничкиот тим Ентони Едвардс. Додека тој се подготвуваше да шутира слободни фрлања, од трибините можеше да се слушне „МВП, МВП“ …
 

Треба да знаете
Последни објави