Search

Холивудската ѕвезда Стивен Сигал се појави на инаугурацијата на Путин и го пофали „најголемиот светски лидер“

Холивудската ѕвезда Стивен Сигал се појави на инаугурацијата на Путин. Путин денеска официјално е признат за победник на претседателските избори во Русија, со кои тој ќе ја преземе главната функција во Кремљ по петти мандат.

„Тој е најголемиот светски лидер, тој е најголем“, рече ѕвездата на настанот. Подоцна, Сигал, облечен во црна наметка, со затегната коса наназад и со очила за сонце, го прашале како мисли дека изгледа иднината, на што тој одговори дека иднината ќе биде „најдобра“ за време на петтиот мандат на Путин.

Сигал, кој го доби руско државјанство во 2017 година, најпрво се поврза со Путин поради заедничка љубов кон боречките вештини и со текот на годините тие формираа големо пријателство.

Во 2018 година, актерот беше меѓу поканетите на заклетвата на Путин како претседател.

Треба да знаете
Последни објави