Search

Пендаровски: Знаеме дека на осми мај ќе однесеме двојна победа

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски се обрати вечерва на завршниот митинг во општина Центар пред настапувањето на изборниот молк и гласањето во среда.

Пендаровски порача дека само бројот еден на парламентарните и на претседателските избори е гаранција дека државата може да продолжи по вистинскиот пат.

Знаеме дека првиот круг беше загревање за големото финале сега во среда, знаеме дека ќе има поголема мобилизација во вториот круг и знаеме дека ќе однесеме двојна победа на осми мај. Со заокружување на бројот еден и на претседателските и на парламентарните избори да им покажеме на оние кои Македонија ја замислуваат само како нивна приватна држава, дека нема да успеат“ порача Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави