Search

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море – оштетија британски танкер

Американската војска соопшти дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички проектили врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.

Американската централна команда (ЦЕНКОМ) во објава на платформата Икс соопшти дека танкерот за нафта МВ Андромеда Стар е оштетен, а проектил паднал во близина на друг брод, МВ Маиша, но не го оштетил.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во знак на, како што велат, поддршка за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави