Search

Даштевски: Гласањето помина мирно

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски вечерва соопшти дека денешниот изборен ден со кој почна првиот круг од претседателските избори, поминал мирно. Гласаа болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и македонските државјани во странство. -Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини, бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде временски лош ден, со прилично ниски температури, врнежливо, а на планинските места и со снег. Но се отворија сите места и сите овие категории што требаше денеска да гласат гласаа, истакна Даштевски на Сител. Даштевски информира дека до 17 часот гласале вкупно 6.953 немоќни и болни лица. Потенцира дека во казнено-поправните установи гласале 2.147 лица и 534 лица сместени во посебни центри за вон семејна грижа. Посочи дека правото на глас го оствариле и две раселени лица. Даштевски информира дека до 17 часот излезноста на македонските државјани во дијаспората е повеќе од 50 отсто.

Треба да знаете
Последни објави