Search

Волстрит џорнал: Америка би можела да воведе санкции за кинеските банки поради соработката со Русија

Соединетите Американски Држави би можеле да воведат санкции за кинеските банки поради соработката со Русија, објави денеска Волстрит џорнал (WSJ), повикувајќи се на анонимни извори.

Вашингтон очекува, како што е наведено, дека заканата од санкции ќе го принуди Пекинг „да ја прекине трговската поддршка за руската воена индустрија“.

Во написот се наведува дека кинеската помош „и овозможи на Москва да го обнови својот воено-индустриски потенцијал“, додека кинеските банки служат како клучни посредници во комерцијалниот извоз во Русија.

Американските власти, сепак, признаваат дека воведувањето санкции би била „последната опција“ доколку Вашингтон не го убеди Пекинг преку дипломатски канали да го ограничи извозот во Руската Федерација.

Според WSJ, американските власти го засилија притисокот врз Пекинг во последните неколку недели на приватни состаноци и телефонски разговори, предупредувајќи дека Вашингтон е подготвен да преземе мерки против кинеските финансиски институции за соработка со Москва.

Хрватска: Маж бегал од полицијата и скокнал од првиот кат и починал

Денеска околу 7:20 часот полициските службеници од Полициската станица Нашице се обиделе да го спроведат налогот за апсење издаден од Жупанискиот суд во Осиек за 47-годишен маж кој требало да биде донесен во затворот во Загреб.

Меѓутоа, откако полицајците му ја кажале причината за нивното пристигнување, мажот се обидел да побегне и скокнал од првиот кат од семејната куќа.

47-годишникот итно бил пренесен во Општата болница на округот Нашице, каде починал од повредите, извести полицијата.

Врз основа на наредба на жупанискиот државен правобранител во Осиек, истражниот тим на ПУ Осиек-Барања врши увид на местото на опишаниот настан.

Треба да знаете
Последни објави