Search

Тесла укинува 400 работни места во Германија

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла денеска објави дека ќе укине 400 работни места во фабрика во близина на Берлин, наведувајќи ја слабата продажба во услови на жестока ценовна војна меѓу производителите.

На почетокот на минатата недела, Тесла објави дека поради слабата побарувачка и жестоката конкуренција во цените, ќе отпушти повеќе од десетина од својата работна сила ширум светот, што би значело отпуштања за околу 14.000 вработени. Од компанијата не ја прецизираа точната бројка, а според годишниот извештај за 2023 година, во декември вработувале 140.473 работници.

Во четвртокот компанијата објави дека нема да ги обнови договорите на 300 привремени работници во фабриката во Груенхајм. Портпаролката на Тесла во таа прилика нагласи дека „работниците на Тесла не ги добиле отказите“.

Во фабриката во Груенхајм моментално работат 12 илјади работници.

Тесла најави дека ќе отпушти 400 работници во својата единствена фабрика во Европа. Предизвик за Тесла е и сегашното слабеење на пазарот на електрични автомобили“, наведуваат во соопштението меѓу причините за кратењето на работните места.

Најавија програма за „доброволно заминување“ за да се избегнат отпуштања. Раководството за неговото спроведување ќе разговара со работничкиот совет, додаваат оттаму, без да соопштуваат детали. Договорните партнери веќе ги вработиле најголем дел од отпуштените привремени работници, тврдат оттаму.

На почетокот на месецот, Тесла прелиминарно објави дека испорачале приближно 387.000 возила во првиот квартал, приближно осум отсто помалку отколку во првите три месеци од 2023 година.

Минатата година компанијата неколку пати ги намали цените за да ја одржи побарувачката, што се одрази со скок на продажбата од 40 отсто и продадени 1,8 милиони автомобили. На крајот на годината, приходите нагло забавија, на само три проценти, а раководството предупреди дека очекува значително послаб раст во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави