Search

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината. „Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината“, напиша на социјалните мрежи амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела П. Агелер. „Ништо нема да се постигне со негласање“, порачува амбасадорката Агелер.

Треба да знаете
Последни објави