Search

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска побара Израел да ги отвори премините со опколениот Појас Газа за да може хуманитарната помош да стигне до палестинскиот народ во таа енклава.

– Бараме да се отворат шест израелски премини со Газа за хуманитарна помош, рече Шукри на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Истанбул.

Шефот на египетската дипломатија истакна дека „непостапувањето по ова барање значи прекршување на меѓународното право, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој истакна дека Египет „ангажирал меѓународни сојузници за формирање центар во Газа за дистрибуција на помошта“.

– Мораме да го спречиме раселувањето на Палестинците и да работиме на формирање независна палестинска држава, рече Шукри.

Тој, исто така, оцени дека иранско-израелската тензиии „го оттргнуваат вниманието на меѓународната заедница од трагичната ситуација во Газа“.

Турскиот министер за надворешни работи Фидан рече дека израелската окупација на палестинските територии е една од основните причини за нестабилност во регионот на Блискиот Исток, предупредувајќи дека палестинското прашање може да предизвика глобални проблеми.

Порача дека соработката меѓу Египет и Турција е исклучително корисна за двата народи и за регионот.

Треба да знаете
Последни објави