Search

Јакимовски на изложба на олдтајмери: Да гласаме за број 3 да си ја зачуваме нашата татковина

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски и носителската во Изборната единица 1 Добрила Андоновска денеска во на плоштадот Делфина присуствуваа на изложба на автомобилски олд тајмери.

„На плоштадот Делфина во Влае заедно со носителката на Изборна единица 1 Д-р. Добрила Андоновска поминав прексрасни мигови со сопствениците на олдтајмери. Иако се само сопственици на автомобили, од нив можеме да научиме многу работи како на пример како постојано да се грижиш за она што го сакаш и е дел од тебе. Така треба и сите ние, граѓани и политичари да се грижиме за нашата тактовина, затоа што наша и ни е единствена“ изјави претседателскиот кандидат и претседател на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Тој ги повика граѓаните на изборите да гласаат за бројот три.

„На 24 април и на 8 мај да гласаме за број 3 да гласаме Храбро за Македонија, за да си ја зачуваме нашата татковина“ порача Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави