Search

Петровска во Гостивар: СДСМ вистински се грижи за животната средина, Шар Планина ја направивме национален парк

Носителката во шестата изборна единица на СДСМ и коалицијата За европска иднина Славјанка Петровска денеска учествуваше во еколошка акција во Гостивар. 

Во изјава за медиумите по акцијата Петровска посочи дека борбата за здрава животна средина, за чист воздух и чиста вода за пиење, бара сеопфатен широк пристап.

,,Ние, во изминатите години го правевме токму тоа. Преку искористување на природните потенцијали и преку градење на одговорни мерки и политики Македонија ја претворивме во лидер во изградба на нови енергетски капацитети од обновливи извори на енергија. 

За само две години, во државата имаме инсталирано 600 мегавати од обновливи извори на енергија, најмногу во фотонапонски централи. Донесовме конкретен, реален План за чист воздух со низа на краткорочни, долгорочни и мерки на среден рок, кој на годишно ниво доведе до намалување на аерозагадувањето во најзагрозените градови. 

Она што е важно за овој регион е што нашиот бисер, нашата Шар Планина ја прогласивме за Национален парк со што исправивме една би рекла децениска неправда кон оваа природна убавина” порача Петровска. 

Носителката Петровска најави дека СДСМ и во следниот мандат ќе продолжи со мерки и политики што ќе придонесат за заштита на животната средина. 

,,Во нашата нова програма предвидена е набавка на опрема и изградба на регионални депонии и претоварни станици во Полошкиот регион со што ќе ставиме крај на уште еден деценински проблем на граѓаните од овој регион. За да ги заштитиме нашите реки, планини, шуми во заштитените подрачја, воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроелектрани во заштитени подрачја и национални паркови. СДСМ и Коалицијата за европска иднина се гарант за заштита на животната средина и поквалитетен живот за сите граѓани во сите населени места. Планот за чиста животна средина нека биде мотив плус  на 8 мај да дадеме поддршка на бројот еден” порача Петровска. 

Кандидатката за пратеник Ема Нешкоска на прес конференцијатакажа дека заштитата на животната средина е уште една причина зошто ни треба побрза интеграција во ЕУ., 

,,СДСМ има јасна визија и цел, европските стандарди и квалитетот на живот да ги донесе дома, во Гостивар и низ цела Македонија. Важно е да продолжиме кон ЕУ, затоа што со влезот во Унијата, покрај останатите придобивки, се доближуваме и до политиките кои гарантираат почист воздух и почиста животна средина” посочи Нешкоска.

Треба да знаете
Последни објави