Search

Израел изведе напади на југот на Сирија

Израелските сили рано утрово ја нападнаа позицијата на сириската армија на југот на Сирија, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

„Израелските напади беа насочени кон радарите на сириската армија меѓу провинциите Суеида и Дера“, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Тој додаде дека нападите биле изведени „во време кога израелски авиони интензивно летаа над регионот Дера“, како и дека сириската воздушна одбрана не се активирала.

Треба да знаете
Последни објави