Search

Грција ќе воспостави мрежа на безбедни куќи за жени жртви на насилство

Грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Хрисохоидис најави најави дека се планира да се формираат безбедни куќи за жени во секоја полициска станица низ земјата.

Вниманието на јавноста за насилството во семејството и меѓу партнерите го привлече убиството на една жена пред полициската станица каде дошла да побара заштита од поранешниот партнер, кој набрзо бил уапсен.

Програмата официјално ќе биде пуштена во употреба оваа недела, а министерот рече дека „локацијата на безбедните куќи ќе и биде позната само на полицијата“ и дека овие места ќе бидат достапни за жените онолку долго колку што е потребно за да се надмине опасноста.

Министерот изјави дека минатата година полицијата примила речиси 12.500 пријави за семејно насилство, што е еден таков случај на секои 45 минути.

Полицијата и невладините организации велат дека годишниот број на пријави за семејно насилство во Грција е двојно зголемен од 2020 година, делумно поради достапноста на поддршка за жртвите.

Треба да знаете
Последни објави