Search

Пороен дожд ја поплави Анкара

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден од пороен дожд кој предизвика поплави по улиците. Властите предупредуваат на дополнителни врнежи. Главните сообраќајници во Анкара се претворија во вистински реки, а силен дожд паѓа низ централна Турција. Поплавени се продавници и подруми на куќи. Обилните врнежи гоо нарушија и нормалното функционирање на метрото во Анкара, соопштија властите, додавајќи дека поради безбедносни причини, електричната енергија е исклучена на одредени линии на метрото. Се работи на повторно воспоставување на градскиот превоз. Турската метеоролошка служба предупреди на продолжување на понатамошните обилни врнежи во Анкара и другите делови на Анадолија. Невреме се очекува и над Црното Море.

Треба да знаете
Последни објави