Search

Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да бидат заедно

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, вечерва во Бања Лука порача дека, без оглед на предизвиците со кои се соочуваат, важно е Србија и Република Српска да се заедно. Актуелната власт во Србија, за разлика од некои од претходни, секогаш ќе биде со Република Српска и со српскиот народ. „Без разлика на сите предизвици и сите неволји со кои се соочуваме заедно. И колку и да се тешки времињата, предизвиците се сложени, важно е да се држиме заедно, важно е да се собереме, да помогнеме и секогаш да бидеме еден во нашето национално битие, рече Брнабиќ за време на нејзиниот говор на големиот митинг „Србија те вика“, кој беше организиран како одговор на резолуцијата за Сребреница, за која ќе се расправа во мај во Генералното собрание на ОН.

Треба да знаете
Последни објави