Search

Костадиновска-Стојчевска: Уште 10 прес конференции да направи, Арсовска нема да ја спречи реконструкцијата на Универзална

„Вистината е далеку од тоа што Арсовска го зборува и што сака да го претстави на јавноста, која без срам ја користи Универзална сала за политиканство и медиумска манипулација. Нема да успее Арсовска да ја спречи реконстуркцијата на Универзална ни со уште 10 такви или слични пресконференции како вчерашната“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција, реагирајќи за обвинувањата изнесени од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Таа додаде дека со манипулативната прес-конференција Арсовска се обиде да го сокрие својот неуспех и неспособно за реконструкција на Универзална сала.

„Не само што во 2 години не презеде ништо и остави да пропаѓа и да се прѓосува салата, Арсовска дополнително го оштетила буџетот за реконструкција на салата со 20 милиони денари или 330 илјади евра, пари на граѓаните, поради нејзин личен хир и желба да не се изгради. Арсовска поради пдлагањето на реконструкцијата, изгуби судски спор и го оштети буџетот на граѓаните наменет за реконстукцијата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека проектот, кој сега Арсовска го оспорува, има добиено позитивни мислења од сите институции и ревиденти како и од ИЗИИС кој го оцена проектот како безбеден и притоа тие документи и мислења се прибавени од Град Скопје, а не од Министерството.

„Сакам да ја потсетам градоначалничката дека сите одлуки кои се поврзани со имотот на Град Скопје се одлуки кои ги носи Советот, односно советниците, а не лично нејзини. Во таа насока нејзиното барање за еднострано раскинување на Договорот, кое вчера пристигна до мојот Кабинет, не може да има никакво правно дејство, бидејќи истото треба да биде донесено од страна на Советот на Град Скопје“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека доколку Советот одлучи да го раскине договорот со Министерството за култура, Градот ќе мора да ги врати сите средства кои се вложени од државниот буџет.

Треба да знаете
Последни објави