Search

Македонските девојки убедливо поразени од Словенија во Скопје

Женската фудбалска репрезентација на Македонија во 2. коло од квалификацискта група Ц, за ЕП-2025 што ќе се одржи во Швајцазрија, како домаќин е поразена од Словенија (0:5) на теренот во СЦ „Петар Милошевски“. По триумфот на стартот против Летонија (4:3) македонските девојки не беа рамноправен ривал против фаворизираната Словенија која е водечка во групата, каде настапува и селекцијата на Молдавија. Словенечките фудбалерки прашањето околу победникот ги решија уште во првото полувреме кога обезбедија предност од 2:0. Во второто полувреме, Словенија постигна уште три погодоци за убедлев триумф во Скопје. Следниот натпревар фудбалерките ќе го играат на 31 мај против Молдавија во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави