Search

Засилени безбедносни мерки поради закана од терористички напади на четвртфиналните мечеви од Лигата на шампионите

На четвртфиналните натпревари од елитното континентално фудбалски клупско натпреаврување Лигата на шампионите кои вечерва и утре ќе се одиграат во Мадрид, Париз и Лондон ќе има зголемена безбедност поради наводни терористички закани. Вечерва (21 ч.) во Мадрид играат Реал и Манчестер сити, а во Лондон, Арсенал го пречекува -Баерн Минхен. Утре во истиот термин во Мадрид, Атлетико е домаќин на Борусија Дортмунд, а во Париз ќе се соочат ПСЖ и Барселона. Веста ја објави „Скај“, кој соопшти дека УЕФА е свесна за наводните терористички закани и подолго време соработувала со трите градови домаќини на натпреаврите од оваа елиминаторна рунда.

-УЕФА е свесна за наводните терористички закани за овонеделните натпревари од Лигата на шампионите и е во близок контакт со властите на соодветните места. Четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе се одржи според планираното со соодветни безбедносни аранжмани, соопшти УЕФА. 

Треба да знаете
Последни објави