Search

Вардар го совлада Пелистер и му се доближи на два чекори во трката за титулата

Повеќекратниот македонски и двократен европски првак Вардар го победи актуелниот шампион на домашната сцена Еурофарм Пелистер 24:20 (12:11) во дербито од 8. коло на ракометната Суперлига. Со овој триумф вардарци покажаа дека не се предаваат во трката за титулата и стигнаа до 21 бодови, па сега имаат само два помалку од Пелистер (23 бодови), кој го претрпе првиот пораз во Суперлигата. Охрид кој е на третото место има 17 бодови, а Алкалоид кој вечерва игра против Тинекс Пролет со евентуална победа ќе стигне до 18 бодови. Уште од самиот почеток на дербито во „Јане Сандански“ се најави дека ова ќе биде интересен меч. Еурофарм Пелистер прв даде гол, но потоа Вардар со два погодици ја превзема предноста и до крајот на првиот дел (12:11), „црвено-црните“ не дозволија во ниту еден момент да бидат во негатива, а резултатот седумпати беше израмнуван. Во второто полувреме преовладуваше поголема неизвасност. Пелистер успеа да се врати и резултаски и да има предност (18:17, 20:19) но следуваше серија на Вардар и триумф (24:20).

Треба да знаете
Последни објави