Search

Утре во Каиро продолжуваат преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Мировните преговори меѓу Израел и Хамас ќе продолжат утре во Каиро, јави денеска египетската телевизија Ал Кахра њуз, повикувајќи се на безбедносни извори.

Претходните преговори, чии посредници беа Египет, Катар и САД, завршија неуспешно, бидејќи Израел ги отфрли барањата на Хамас.

Меѓу барањата на милитантната група беше и траен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на илјадници палестински затвореници во Израел, од кои некои издржуваа доживотна казна затвор.

Хамас за возврат понуди прво да ги ослободи жените, болните, постарите и женските војници, а подоцна и преостанатите израелски заложници и војници.

Советот за безбедност на Обединетите нации во понеделникот усвои резолуција за прекин на огнот до крајот на Рамазан, додека Израел најави „неопходна“ копнена офанзива врз јужниот град Рафа, дом на околу милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави