Search

Роднините на заложниците: Нетанјаху e пречка за договорот за враќање на заложниците

Дваесет семејства на заложници кои ги држат членовите на Хамас во Газа го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неуспехот на преговорите за враќање на израелските затвореници и бараат негово смена од премиерската позиција.

Зборувајќи за новинарите, роднините на заложниците изјавија дека Нетанјаху ги одбил понудите да ги ослободи заложниците и дека ја отежнал позицијата на Израел во преговорите со Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

„Тој е пречка за договорот“, додаваат роднините на заложниците, наведувајќи дека премиерот одлучува без консултација со владата и дека се грижи само за своите интереси.

Роднините тврдат и дека владејачката коалиција водела клеветничка кампања против семејствата на заложниците.

„Однесувањето на Нетанјаху е незамисливо. Тоа е злосторство. Немаме избор. Ќе работиме веднаш да ве отстраниме – тоа е најбрзиот начин да се постигне договор“, нагласуваат тие и ги повикуваат членовите на коалицијата да назначат нов премиер.

Треба да знаете
Последни објави