Search

Илјадници на улиците на израелските градови бараат оставка од Нетанјаху: „Владата ги жртвува заложниците“

Илјадници Израелци излегоа на улиците во саботата за да протестираат против десничарската влада на премиерот Бенјамин Неанјаху.

Демонстрантите во Тел Авив побараа предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа, јавуваат медиумите.

Протести се одржаа и во други градови, вклучувајќи ги Ерусалим и Хаифа.

Поранешниот заложник, чиј сопруг се уште е во Појасот Газа, им се обрати на демонстрантите во Тел Авив, велејќи му на Нетанјаху: „Врати ги дома!“

Жената побара од премиерот да му даде на израелскиот преговарачки тим „широк мандат“ да преговара за ослободување на преостанатите заложници во замена за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници. „Не доаѓајте дома без договор, вратете ги нашите најблиски“, рече таа.

Според порталот ynet, поранешниот шеф на военото разузнавање Амос Малка го повикал Нетанјаху да поднесе оставка. „Владата жртвува заложници, го изолира Израел и го зајакнува Хамас“, рече тој на протестот во Цезареја, каде Нетанјаху има приватна вила.

Противниците на власта од недела па натаму планираат големи протести во Ерусалим, кои ќе траат неколку дена.

Треба да знаете
Последни објави