Search

Познати имиња од ВМРО-ДПМНЕ ќе „трчаат“ за пратеници, Мицкоски нема верба во нови кадри

Без многу помпа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски ги соопшти имињата на кандидатите за пратеници од неговата партија.

За оние кои ја следат домашната политичка сцена, листите не носат некои големи изненадувања.

Нема промени од она што се знаеше одамна кај шесте носители. Таму се Христијан Мицкоски, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски и Дафина Стојаноска како единствена жена носителка.

Дури и ако се проверат имињата кои се подлу на листите и таму ќе се најдат познати имиња од партијата.

Во „кецот“ покрај Мицкоски на сигурен пратенички мандат се надеваат и дсеогашните пратеници Тони Јаревски и Бети Стаменковска, а изненадувачки високи позиции на листата имаат претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски и партиската портпаролка Марија Митева.

Слично е и во другите изборни единици.

Така, во изборната единица два таму повторно се Владо Мисајловски и Бојан Стојаноски од скопската општина Ѓорче Петров, како и Зоран Коцевски, кам бек во пратеничките клупи сигурно ќе направи Жаклина Пешевска, додека за пратеникот од Куманово Бране Петрушевски треба да се вклопат доста коцки за да стане пратеник повторно.

Најмалку нови лица има во Изборната единца три. Таму, дури седуммина од орвите десет позиции се актуелни пратеници, како Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Игор Здравковски, Миле Лефков…

Во изборната единица четири првите две места се резервирани за „натурализирани“ пратеници, односно за Алекесандар Николоски кој е родум од Охрид и Антонијо Милошоски родум од Кичевско, а подолу во листата на местата кои се сметаат за „добитни“ повторно „врие“ од актуелни пратеници и пратенички како Ели Панова, Зоран Јованчев, Петар Ристески, Ангелика Петкова, Златко Пенков…

Нови имиња има во петтата изборна единица почнувајќи од генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, но нему друштво ќе му прават добропознатите Олга Лозановска, Јован Јаулески, Лидија Петковска…

Во „во шестката“ нема нови лица барем на првите две позициии, онолку колку што ВМРО-ДПМНЕ редовно освојува мандати од оваа изборна единица. Таму се Дафина Стојаноска и Александар Велјаноски, а за некој подолу да стане пратеник ќе треба ВМРО-ДПМНЕ да освои многу повеќе гласови во ИЕ 6 или во случај првите двајца да се откажат од пратеничкиот мандат.

Ваквиот распоред на имињата за пратеници попкажува дека или Мицкоски сака да има компактност, или пак дека и нема многу доверба во лицата кои досега не биле пратеници додека тој ја предводел ВМРО-ДПМНЕ.

Листите за пратеници до Државната изборна комисија треба да се достават до втори април на полноќ.

Треба да знаете
Последни објави