Search

Принцот Хари наскоро патува во Британија, а овојпат со него би можела да биде и Меган

Принцот Хари неодамна го посети Лондон само на неколку часа за да го види кралот Чарлс кој ја шокираше јавноста со дијагнозата на рак.

Хари во мај повторно доаѓа во Велика Британија, но причината за неговото враќање во татковината не е здравствената состојба на татко му или поврзаноста со Кејт Мидлтон.

Принцот ќе замине во Лондон за да ја прослави десетгодишнината од неговиот проект ‘Invictus Games’, а по тој повод ќе се одржи свечена миса во катедралата Св. Павле. Името на Хари е веќе на списокот на гости, но исто така и името на неговата сопруга Меган, кое е означено со TBC („да се потврди“).

„Хари се надева дека ќе го придружува за да можат сите заедно да присуствуваат на службата и да се сретнат со членовите на неговото семејство додека се таму“, тврди извор, кој наведува дека Хари и Меган исто така би можеле да ги донесат своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет Дијана, во Лондон оваа време.

Освен тоа, странските медиуми пишуваат дека Хари би требало дури и да одржи говор, за кој експертите сметаат дека е добра почетна точка за истовремено обновување на односите со кралското семејство и народот.

Треба да знаете
Последни објави