Search

Маричиќ: Никој не може да го види планот на ВМРО-ДПМНЕ за ЕУ, имаат декларативна позиција за, но се што прават е спротивно

„Од она што беше презентирано досега, никој не може да го види нивниот план за ЕУ. Имаат една декларативна позиција дека биле за ЕУ, ама сѐ што прават го кажува спротивното. Интересно е што лидерот Мицкоски во својот настап за за презентација на нивната програма, ниту еднаш не спомна соработка со ЕУ, ниту со САД, како наши најважни стратешки партнери“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека другите претставници на ВМРО-ДПМНЕ, овластени да зборуваат за надворешно-политички прашања ги повторија познатите флоскули од типот „нема уставни измени под вакви услови“, без да понудат решенија.

„Небулозно е да ветуваат или најавуваат ‘одложна примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет’, кога веќе јасно им беше кажано од Брисел дека тоа е невозможно и спротивно на одредбите на Преговарачката рамка“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека македонскиот јазик и идентитет се веќе завршена работа во Преговарачката рамка.

„Ја заврши Владата предводена од СДСМ и македонскиот јазик и идентитет се вдлабени во камен и нема шанси да бидат на било кој начин проблематизирани. Тоа им е јасно и во Софија“ потенцираше Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави