Search

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ. Вооружени насилници на 27 април 2017 година, поттикнати од ДПМНЕ, упаднаа во Собранието обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во парламентот, да го загрозат уставниот поредок, ја доведоа државата пред амбис, на раб на граѓанска војна.Сеќавањата на крвавите лица на пратениците, нападнати со шипки и столици, влечењето за коса, дивеењето на насилниците, кои кршеа и уништуваа се пред себе во храмот на демократијата, се свежи и по седум години, велат од СДСМ и додаваат во писменото соопштение: -ДПМНЕ наместо да се извинат пред јавноста, наместо да се покајат, за крвавиот четврток, тие осудените насилници ги нарекуваат херои и уставобранители. Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители, како што велат Силјановска и Мицкоски. Не може насилниците,  што се обидоа да го суспендираат Уставот, на тој крвав ден, точно пред седум години, да бидат уставобранители. Поттикнати од ДПМНЕ, тие со насилство го бранеа режимот, а не Уставот. Со огнено оружје и метални палки насилниците, ги бранеа криминалите на ДПМНЕ, ја бранеа заробената држава, сваровски судството, купените медиуми, узурпираните институции, тендерите и провизиите, за да може од Белата палата да продолжат да јадат чоколадо, а да нема ни за леб, да продолжат да ги тепаат студентите, да затвораат медуми и новинари, да организираат спектакуларни апсења, да нарачуваат пресуди по телефон, да увезуваат гласачи од Пустец и грчки песок, да ставаат уште споменици и мермер од стиропор, да сеат раздор и поделби меѓу граѓаните. Насилници никогаш нема да бидат уставобранители.   Слободата и демократијата, кои СДСМ ги врати, се скапоцени, 27 април не смее да се заборави, не смее да се повтори.

Треба да знаете
Последни објави