Search

Јакимовски: Одредени кандидати имаат страв од соочување со мене

По тврдењата дека некои од штабовите на кандидатите за претседател имале отпор да се појават на мастер дебата бидејќи ќе учествувал и кандидатот Стевчо Јакимовски, тој се обрати на јавноста.

Тоа, според Јакимовски било показател на стравот на одредени кандидати од соочување со него.

,,Како кандидат за претседател, како политичар, но пред се како човек, подготвен сум секогаш, секаде и со секого да дебатирам за сето она што е важно за македонските граѓани и македонската држава. Тоа што некој кандидат и нечиј штаб имале проблем да се соочат со мене на мастер дебатата, само говори за нивниот страв да се соочат со своето незнање и страв од соочување со вистината, која за некого може да биде многу тешка и болна” пишува Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави