Search

ДАЛИ ЌЕ СЕ РУШАТ ТЕМПЕРАТУРНИ РЕКОРДИ? Во понеделник во Македонија и до 32 степени, во регионот и над 32 степени

Во понеделник, на први април во Македонија, како и во регионоит би можело да се мерат температури толку високи за самиот почеток на април што многу долги години сме немале во тоа време толку високи температури на воздухот.

Според моменталните анализи со кој располагаме, во централните предели од Македонија во понеделник се очекуваат температури до 32 степени,  во регионот тие би можеле да бидат дури и повисоки, до околу 33-34 степени. Сето тоа можете да го погледнете на следната метеоролошка карта 👇

Со ова температурите ќе бидат за 10 до 15 степени повисоки од нормалните.

Да напоменеме дека времето ќе биде стабилно, суво и сончево. Сепак и понатаму ќе засилува ветерот од јужен и од југозападен правец.

Треба да знаете
Последни објави