Search

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Вицепремиерот за економски прашања,Фатмир Битиќи, во утринската емисија на „Слободен печат“ рече дека во програмата на СДСМ за парламентарните избори ќе има понуда за седум часа работно време дневно во одредени сектори. – Анализите се при крај и треба да бидат завршени. Ќе воспоставиме работна недела од седум часа дневно. Или наместо 40 часа работна недела – ќе биде 35 часа во одредени сектори, рече Битиќи. При тоа, вели вицепремиерот, платата нема да смее да им се намали на работниците. Така, според Битиќи,ќе се создадат дополнителни работни места и ќе се зголеми продуктивноста на работниците. – Ова се прави од низа причини – поради квалитетот на живот и слободно време за семејството. И во 2020 не ни веруваа дека недела ќе биде неработен ден, а сега никој не зборува за тоа,бидејќи прифатено е како нормално, наведе тој. Битиќи рече дека ова работно време прво ќе важи за три сектори, без да ги спомене кои, но додаде дека тоа работно време во овие дејности веќе е воведено во некои земји во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави