Search

Ангелов би се вратил со СДСМ доколку победи на изборите како професионалец за плата од 5 000 евра !

Актуелниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов од „Достоинство“, партија која ја напуши коалицијата на СДСМ и се пресели кај ВМРО ДПМНЕ, запрашан дали ако СДСМ победи на изборите, ќе се врати назад во донеодамнешното друштво, возврати: „Да, ако ме бараат како професионалец, но за плата од 5.000 евра.“. Ова Ангелов го посочи во синоќешното гостување во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија. Ангелов како причини поради кои се одлучил повторно да се врати кај ВМРО ДПМНЕ е поддршкат за нивната иницијатива за обештетување на семејствата на бранителите. Ангелов е уверен дека тоа ќе се случи, ако победат на изборите со ВМРО ДПМНЕ, со чиј лидер Мицкоски бил во контакт изминативе две години. -СДСМ покажа голем демократски капацитет, но не успеа да се погрижи за тоа што го баравме: да го усвои законот за бранители. Ова е голема неправда. Јас имам големи колеги и пријатели и во СДСМ и во ДУИ. Бев критичен и додека бев во Владата. Доаѓам од десниот блок и СДСМ ги знаеше моите ставови, но ДУИ беше товарот, што не дозволи СДСМ да работи како што треба. Многу важен момент е што Ковачевски, министерката Петровска ни дадоа поддршка и ова треба да се пофали, рече Ангелов. Претседателот на партијата „Достоинство“ Ангелов рече дека е потребно да се направи целосна преобразба на општеството, да се укине балансерот при вработување, како и да се спроведат реформи, кои ќе овозможат влез на земјава во Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави