Search

Тинејџер нападнал полицаец, а потоа го оштетил инвентарот во СВР Куманово

Деветнаесетгодишен кумановец е приведен вчера откако кај него била пронајдена дрога.

На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави