Search

МНТ организира две бесплатни претстави по повод Светскиот ден на театарот

Македонскиот народен театар, по повод 27 март, светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12:00 часот и изведбата на претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, ќе биде со вечерна изведба на 6 април со почеток во 20:00 часот.

Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.

Треба да знаете
Последни објави