Search

Македонија утре во Анталија против Црна Гора

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и голманот, Столе Димитриевски на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Црна Гора ги споделија своите очекувања за контролниот меч на стадионот „Мардан“ во Анталија.

„Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“, рече селекторот Милевски.

Голманот на Рајо Ваљекано дебито во националниот дрес го забележа токму против Црна Гора.

„Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути“.

Треба да знаете
Последни објави