Search

Тројца вработени во клиниката се суспендирани и под истрага поради информациите за Кејт Мидлтон

Тројца вработени во лондонската клиника, каде што принцезата од Велс беше оперирана, се под истрага за наводен обид за пристап до приватните медицински досиеја на Кејт Мидлтон, пишува „Дејли мејл“. Британскиот таблоид пишува дека вработените во моментот се суспендирани од работа.

Се верува дека Кејт била информирана за потенцијалното нарушување на доверливоста на податоците, а истрагата сè уште не покажала дека се загрозени и податоците на кралот Чарлс, кој во истиот период бил на лекување во истата клиника. „Дејли мејл“ пишува дека полицијата би можела да се вклучи во сè, иако тоа сè уште не е потврдено. Од клиниката не сакаа да откријат детали за вработените.

За потсетување, истрагата беше поведена поради тврдењата дека доверливоста на податоците била нарушена додека Кејт била пациент во болницата.

„Сите во клиниката се многу свесни за нашите лични, професионални, етички и законски должности во однос на доверливоста на пациентите. Ние сме исклучително горди на исклучителната грижа и дискреција што се стремиме да им ја дадеме на сите наши пациенти, кои ни ја даваат својата доверба секој ден. Секое прекршувањето на системот ќе се решава со сите соодветни истражни, регулаторни и дисциплински чекори. Нема место во нашата болница за оние што намерно ја изневеруваат довербата на нашите пациенти или колеги“, изјави претходно директорот Ал Расел.

Треба да знаете
Последни објави