Search

Белград ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите на ФИБА

Организаторите на Лигата на шампионите на ФИБА денеска соопштија дека Белград ќе биде домаќин на Ф4 турнирот од 26 до 28 април.

За пласман на Ф4 турнирот ќе се борат екипите на Уникаха, Тофаш, Бон, Лудвигсбург, Тенерифе, Перистерио, Мурсија и Промитеас кои моментално се во четвртфиналето.

Лигата на шампионите на ФИБА е најсилното клупско кошаркарско натпреварување организирано од Светската кошаркарска федерација и постои од 2016 година.

Досега титули освоија АЕК, Вритус, Бон, како и Гран Канарија и Бургос по два пати. 

Треба да знаете
Последни објави