Search

Работнички со трет пораз во низа заглави во опасната зона, а Струга ТЛ се издвои на врвот

Работнички нареди и трет пораз во низа, откако во последниот натпреавр од 24. коло загуби пред своите гледачи од Струга ТЛ (1:2). На работнички сега наместо битка за врвот му претстои битка за бекство од опасната зона. Работнички беше подобриот тим во првото полувреме, но иницијативата и шансите кои ги создадоа не ги искористи. По ова следуваше казна од гостите во 52 минута со погодок на Марјан Радевски. Работнички се врати во игра со погодокот на Влатко Стојановски во 69 минута. Радоста на „романтичарите“ траеше кусо, бидејќи една минута подоцна стружани преку Влајковиќ постигнаа втор гол, кој на крајот беше победнички. Натпреварот кој се играше на Арената „Тодор Проески“ го одблежа и повредата со ксршеница на ногата на Бесмир Бојку која ја заработи по еден дуел со Белица во 84. минута од натпреварот, по што веднаш беше префрлен во болница.

Треба да знаете
Последни објави