Search

(Видео) Барди погоди, Трабзонспор загуби во дербито од Фенербахче

Енис Барди, македонскиот фудбалски репрезентативец во дербито од 30. коло во турската суперлигашка конкуренција погоди за Трабзонспор, но неговата екипа е поразена од Фенербахче (2:3). Фред со два гола во првото полувреме обезбеди убедлива предност за Фенербахче. Во вторто полувреме шанса од клупата доби македонскиот репрезентативец Барди и со прекрасен гол од слободен удар во 63 минута го врати во игра домаќинот, а Трезеге од пенал израмни на 2:2. Фенербахче сепак со голот на Батшуаи во завршницата од регуларниот дел дојде до победа (3:2) и остана на втората позиција со два бода помалку зад лидерот Галатасарај. Трабзонспор остана на третата позиција.

Треба да знаете
Последни објави