Search

Протест пред Министерство за правда: Извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Извршителите да ги почитуваат измените од законот за облигациони односи кои се однесуваат на застарувањето на долгови, побараа граѓаните на мирен протест пред министерството за правда организиран од здруженијата „Човекот над профитот“ и „Нон пасаран“.

Тие денеска заедно со голем број граѓани се собраа пред Министерството за правда од каде бараат од министерот да им наложи на извршителите да го почитуваат законот за кој инаку и Уставниот суд го отфрли иницијативите поднесени за преиспитување на уставноста на законот. Порачаа дека и покрај тоа што уставниот суд и народниот правобранител ги поддржал, извршната власт не застанала на нивна страна.

Ова што сега го прават со непочитување на законот е кривично дело, вели Ана Глигоровска од „Човекот над профитот“.

„Под итно Министерство за правда да постапи според Уставот. Тие бараа Уставен суд, ете Уставен суд ги одби сите иницијативи. Бараме од министерот едноставно да ги процесуира застарувањата, законот да го спроведе, затоа што сите застанаа зад законот. Министерот за правда и министерот не се зад законот што е донесен во Собрание и потпишан од претседателот“, вели Ана Глигоровска.

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР побара од министерот да го исполни ветувањето што го да дека доколку Уставниот суд ги отфрли иницијативите ќе се спроведува законот.  Рече дека има околу 220 илјади блокирани сметки од изршителите, а доколку законот не се спроведе најави дека нема да гласаат на изборите.

Сакам да му порачам на министерот. Ало министре дојдовме кај тебе затоа што ни вети ако Уставниот суд ја одбие иницијативата на адвокатската комора на ЕВН на Телеком и сите други што имаат доставено, ги имаше многу, дека ќе постапите и ќе се спроведува законот. 220 илјади блокирани сметки има. Рачунајте 220 илјади по двајца дома, тоа се 480 илјади. Нема да има ниту претседател на држава ниту пратеници. Нема да излегуваат на гласање“, вели Самка Ибраимовски.

На протестот повеќето граѓани потпишаа писмени барања кои ги доставија до Министерството за правда, со кој се бара примена на измените на Законот за облигациони односи со кои долгови над 10 години застаруваат.

Треба да знаете
Последни објави