Search

Најмалку 16 лица убиени во изрелски напад врз куќа во Газа

Најмалку 16 лица загинаа, а десетици се повредени денеска при израелско бомбардирање на куќа во градот Газа, јавува палестинската агенција Вафа.

Како што се наведува, жртвите се претежно жени и деца.

Агенцијата претходно објави дека израелските сили утринава извршиле неколку напади врз Појасот Газа, меѓу другите, на населбите Зајтон и Ал Сабра, како и во близина на Рафа и Кан Јунис.

Според здравствените власти под контрола на палестинската милитантна група Хамас, повеќе од 31.000 луѓе во Појасот Газа се убиени, а повеќе од 70.000 се повредени од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година.

Треба да знаете
Последни објави