Search

Анчелоти: Одигравме ужасен меч, најважно е што се пласиравме во четвртфиналето

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти, признава дека неговиот тим не одигра добро синоќа на реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг (1:1), но потенцира дека на крајот најважно е што обезбедија пласман во четвртфиналето од елитното клупско натпреаврување. „Кралевите“ кои се најторфејни во ова европско натпреварување со освоени 14 шампионски титули се меѓу осумте најдобри благодарение на триумфот од 1:0 во првиот мел на гостувањето кај германскиот бундеслигаш. -Ова беше лош натпревар, одигравме ужасно. Тие имаа квалитет и немаа што да загубат, додека ние игравме како „под рачна“ од почетокот. Се мачевме, но најважно е што стигнавме до четврт-финалето, изјави Анчелоти. Ждрепката за завршните натпреаври од четврт-финалето, но и од полуфиналето во Лигата на шампионите е закажана за 15 март.

Треба да знаете
Последни објави